Art & Crafts

Корисни совети за пред компјутер

Постојат голем број на ризици поради долгото време што го поминуваме пред нашите персонални уреди, па затоа еве неколку корисни совети за да можете да ги избегнете или барем ублажите негативните последици.

Повремено одмарајте ги очите – На секои 30 минути направете кратка пауза и обидете се да не гледате во екранот.

Избегнете суви и иритирани очи – Потрудете се почесто да трепкате.

Екранот – Нека биде оддалечен од вас на 45 сантиметри и на висина на вашите очи.

Наместо лустер  користете столна ламба.

Прстите и рацете – На неколку секунди исправете ги и разделете ги прстите држејќи ги рацете исправено.

Вратот и рамениците – Поради долгото седење се јавува болка во вратот и рамениците, па затоа на секој час станувајте и растегнувајте се или движете се 5 минути.

Секогаш седете исправено пред компјутер.

Има и поважни работи од компјутерот – За време на работа компјутерската задача не можеме да ја намалиме, но затоа дома можеме.

Не претерувајте – Експертите советуваат компјутерот од дома да го користиме максимум 2 часа.

Преферирајте слободното време да го поминувате надвор од дома, дружејќи се со пријателите, а не виртуелно.

 

Напиши коментар