← НАЗАД НА БОЗА

Корисни совети за во домот

Корисни совети за во домот
2069 Читања

* Пепелникот кој често лошо мириса и по миењето, наполнете го со оцет, оставете го половина час и потоа добро измијте го.

* Орманчето за чевли добро ќе го исчистите со разблажен оцет, ќе го оставите добро да се проветри, а чевлите ќе ги поминете со раствор од калиум перманганат.

* Фрижидерот исчистете го и пребришете го со крпа натопена во разблажен оцет. Истиот ефект можете да го постигнете ако направите раствор од една ќесичка сода бикарбона и два литри вода, па со него ќе ја измиете внатрешноста на фрижидерот. Потоа, исплакнете го со топла вода и ставете едно парче исечен лимон кој ќе даде освежувачки мирис.

* Завесите најлесно ги собираат сите несакани мириси што се провлекуваат по станот. Исперете ги во благ детергент, а потоа потопете ги во ладна вода во која сте раствориле малку сол.

* Мирисот на свежа боја која се суши може да се задржи во станот подолго време. Ќе помогнат неколку чинии наполнети со сол кои ќе ги ставите во собите.

* При работата со правосмукалка, често од неа излегува непријатен мирис. Доволно е на филтерот да капнете неколку капки етерично масло од лимон.

* Облеката ќе ја освежите ако во орманот ставите портокали во кои претходно сте боцнале неколку каранфилчиња. За истата цел можете да користите и босилек, рузмарин, нане или плодовите на див костен кои дискретно ќе ја замирисаат вашата облека, но ќе ги избркаат и молците.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk