ШоуБиз

Кортни Лав со валкани нокти, жолти прсти…каков ужас!!!

Американската музичарка и актерка Кортни Лав од секогаш шокирала со својата појава. Иако овој пат беше во малку попристојно издание што се однесува на облеката, преопуштената Кортни направила огромен пропуст.

Вдовицата на Курт Кобејн се појавила во Даблин на еден настан во краток сатенски фустан, високи потпетици и капутче. Со беспрекорната шминка, накитот и долгите нозе го привлекла вниманието на скоро сите присутни во позитивна смисла, но кога станува збор за негативниот впечаток, тогаш…

Фустанот бил без ракави и ги откривал нејзините тетоважи на рацете  и обесената кожа на надлактиците. Не дека фризурата некогаш и била јака страна на Кортни, но овој пат, нејзините раце биле најприметливи.

Со валкани нокти и шолти прсти од цигари или од што ти не, веднаш паѓала во очите на сите, па и на папараците. Само погледнете и сè ќе ви стане јасно. Инаку, таа вечер, Кортни била во друштво на пријателот Гејвин Фрајдеј.

Напиши коментар