Убавина

Кожата и нејзините непријатели!!!

Сочувајте ја кожата од исушување и стареење.

Навистина е потребно постојано да бидете свесни што работите и што внесувате во своето тело, бидејќи само  така ќе можете да го сочувате своето тело и кожата. Но најпрвин морате да научите каде треба да внимавате.

ХЛОР

После капењето во базенот, на вашата кожа и е потребна нега. Само туширање не помага, бидејќи хлорот се впива во кожата, поради што се потребни дополнителни средства за чистење и лосиони. За успешно да го отстраните хлорот, користете многу пенасти сапуни и гелови за туширање.

MAKE-UP

Да се надеваме дека знаете дека да се заспие со шминка е недозволиво. Тоа води до бактериски воспаленија, запушување на порите, поради што настануваат акните и секако, секогаш редовно си ја замачкувате перницата. За да не ви се случи тоа никогаш повеќе, чувајте влажни марамчиња за симнување на шминката и користете ги во критични моменти, кога немате сила тоа да го направите во купатилото.

КОФЕИНОТ

Кофеинот е една од причините за сушење на кожата. Раните брчки можете да ги избегнете со пиење на голема количина на течност. Општо водата е најважна за хидратација на кожата, затоа не прескокнувајте ниту една од потребните 8 чаши дневно.

СТИСКАЊЕ НА АКНИТЕ

Многу е тешко да си помогнете кога имате некоја акна на лицето, а која не смеете самите да ја чепкате. На сите страни можете да слушнете дека тоа не е добро, но некои го игнорираат тој совет бидејќи им изгледа дека сепак го решиле тој проблем откако ќе ја стиснат акната. Но, треба да се има на ум дека на прв поглед сте го решиле проблемот, но бактериите завршиле подлабоко во порите и направиле црвенило. Затоа, држете ги рацете подалеку од лицето.

ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ОБРОЦИТЕ

Да кажеме дека сега не е важна никаква диета ниту што е здраво а што не е, туку само она што и е потребно на кожата. Најважно е да не ги прескокнувате оброците, бидејќи тоа го забрзува процесот на стареење и сушење на кожата. Освен тоа, важно е во вашето мени често да се наоѓа витаминот Ц (портокали), Б3 (кикирики), Е (авокадо) и А (морков). Исто така многу е важно дека слатките работи се забранети.

ВРЕЛ ТУШ

Доаѓа постудено време кога ќе уживаме под врелиот туш, но внимавајте бидејќи ниту врелата вода не е добра за вашата кожа. За жал, на тој начин ги отстранувате слоевите на епидермот, поради што кожата ни се лупи и станува сува. Последната граница кај топлината на водата и должината на туширањето е кога ќе видите дека кожата ви станува црвена и започува да ве чеша.

ТЕЛЕФОНОТ

Можеби не сте размислувале за тоа, но разговарањето на телефон исто така ни го уништува лицето во пределот на вилиците и на образите. Причината се бактериите кои ги пренесуваме од телефонот, бидејќи истиот го оставаме по масите, го носиме на дното од чантата каде што и живеат бактериите. Би требало од време на време да се исчисти телефонот со антибактериско марамче.

НАОЧАРИ

Како и со телефонот, слично е и со наочарите. Колку често ги миете? Понекогаш поминува и цело лето, а вие не сте ги ни приближиле до вода. Всушност, носејќи ги цел ден наочарите на носот, на тој дел ги пренесуваме бактериите, ги полниме порите со маснотии и не е воопшто чудно што на тој дел ни излегуваат црвенила, акни и митесери.

 

YO-YO ЕФЕКТОТ ОД ДИЕТАТА

Сите знаеме дека не е лесно да се придржуваме на диетата. Секогаш нешто се прекршува во менито кога по цел ден треба да балансираме помеѓу работата, дружењето и брзото готвење, поради што страда и нашето тело поради килажата која оди горе-доле. Всушност, тогаш кожата ги губи влакната па при растегнувањето се создаваат разни лочки и белези.

 

СОЛ

Доколку сте љубител на солени грицки тогаш веројатно имате дехидрирана кожа. Општо солта ја суши кожата, па обидете се да ја искорените од вашата исхрана во најголема можна мерка и да ја освежите својата кожа. Уште една важна работа која ја дехидрира кожата и треба да се избегнува е алкохолот, додека од цигарите рапидно стареете.

 

 

Напиши коментар