Prison brake

Крадец кој со една глупост направи да биде фатен

5. Кнајтбриџ безбедносен депозит (12 јули 1987 – Велика Британија: 60 милиони фунти)

Валерио Вичеи емигрираше од Италија во Велика Британија во 1986 година, бидејќи беше обвинет за повеќе од 50 грабежи. Кога пристигна на островот, тој реши да продолжи со “бизнисот”, која го имаше започнато во Италија. Со неговата група влезе во Кнајтбриџ безбедносниот депозит и сакаше да изнајми сеф. Откако влегоа во сефот, ги заробија менаџерот и чуварите. Валерио стави знак на врата дека привремено е затворен сефот со цел никој да не влегува. Бандата однесе повеќе од 60 милиони фунти, кои според денешен девизен курс би изнесувале неверојатни 174 милиони долари! Стражарите успеаа дури по еден час да ја известат полицијата, а за тоа време групата успеа да побегне од местото на настанот. Валерио побегна во Латинска Америка, додека неговите соучесници беа уапсени. Сепак, направи огромна глупост, се врати во Англија за да го земе своето Ферари, па беше уапсен. Осуден е на 22 години затвор. Секој би помислил дека доколку имате богатство од 174 милиони долари, многу попаметно би било да си купите ново Ферари, отколку да завршите во затвор. Всушност, би биле во можност да си купите не едно туку многу Ферари….Убиен е во 2000 година, на ден на неговото ослободување од затвор, за време на престрелка со полицијата.

Напиши коментар