Стана популарна бидејќи ја носеа принцезите, и без оглед дали сонувате за принц на бел коњ или уживате во среќна врска со обично момче секако во својата гардероба внесете здив од кобалтно сино или т.н. кралско сина боја.
Само еден детаљ со кралско сина боја може да ве престори во принцеза.

Модата е игра во која нема правила, барем не тие кои не можат да срушат. Но ако сакате да играте на сигурно, најдобро е да проверете што предлагаат познатите стилисти, копирајте ги со извесна доза на сопствени преиначувања.
Одлична инспирација за дневна или ноќна комбинација. Со промена на чевлите и чантата, имате 2 во 1

Откако Kate Middleton i принцот William ја објавија својата свршувачка една боја не се симнува од престолот. Станува збор за кралската или кобалтно сината боја која годинава ги преплави модните писти.

До колку се уште не сте се решиле за некое парче таква облека или не знаете како да ја носите таквата боја која до сега беше резервирана само за принцезите, погледнете неколку предлози, копирајте ги или пак искористете ги за само себе својствена комбинација.

Одењето во театар или на некоја промоција само по себе бара по озбилна комбинација во која кобалтно сината совршено се вклопува.









