Prison brake

Кражба на драгоцени камења во износ од 100.000.000 долари!

9. Антверпен Дајмонд Центар (16 февруари 2003 – Белгија: $ 100.000.000)

Дури 80% од сите необработени дијаманти во светот поминуваат низ Антверпен, а крадците тоа го знаат! Градот има видено голем број на грабежи, но оваа се издвојува по вредноста на украдените дијаманти и начинот на кој беше реализиран. Пленот беше толку голем што крадците буквално не можеа да ги украдат сите, но сепак успеаа да го украдат 123 од 189 кутии од скапоцените камења. Леонардо Нотарбартоло, крадец со 30 годишен “стаж“, беше лидер на оваа банда. Самиот грабеж беше планиран со години, а најмалку четири лица беа вклучени. Тие, во истата зграда изнајмуваа канцеларија три години, каде што Леонардо се претставуваше како трговец со дијаманти, со цел да стекне кредибилитет и доверба. Тој имаше средби, состаноци и реализираше мали трансакции и продажба, така што никој не се сомневаше во него. Кога конечно дојде време за грабежот, тој во системот на сигурносни камери подметна лажни снимки, со цел да го прекрие своето движење во зградата.

Трезорот е заштитен со 10 нивоа на заштита, вклучувајќи ги инфрацрвените сензори на топлина, доплер радар, магнетни полиња, сеизмички сензори и брави со околу 100 милиони комбинации. Грабеж се нарекува грабеж на векот, па дури и денес, а полицијата не може со сигурност да излезе со изјава како била направена. Нотарбартоло бил фатен откако еден од неговите соучесници не успеал да ја запали кесата со докази. Камењата во вредност од $100.000.000 никогаш не беа пронајдени, а Нотарбартоло денес ја издржува својата казна затвор во времетраење од 10 години. Интересно, е што Нотарбартоло тврди дека бил ангажиран од страна на еврејски трговец со дијаманти и дека тој и неговата група украле скапоцени камења во вредност од “само” 20 милиони евра, а голем дел од кутиите веќе биле празни кога тие влегле во трезорот. Тој верува дека тие биле искористени за да може да се реализира големата кражба од страна на осигурителни друштва, но полицијата ја негираа оваа претпоставка.

Write A Comment