Prison brake

Кражба на уметнички дела! Пленот вреден 300 милиони!

3. Музејот во Бостон (18 март, 1990 – Бостон, САД: 300 милиони долари)

Број три на нашата листа всушност е еден од најголемите грабежи во историјата на уметнички предмети. Две момчиња облечени како полицајци, ги убедија двајцата неискусни чувари дека имаат дојдено поради телефонскиот повик од некој од зградата. Спротивно од политиката на музејот, чуварите ги пуштија “полицијците” во музејот, но набрзо ја увидоа својата грешка. Ги совладоа и ги врзаа со лисици. Неверојатно, но двајцата мажи го извршија грабежот, а притоа не покажаа дека носат оружје. Следните 81 минута, двајцата внимателно избраа 12 уметнички дела во вредност од над $ 300 милиони евра (ова е износот на уметничките дела пред 20 години)… Меѓу делата беа украдени и три дела на Рембрант.

На крајот ја извадија снимката од камерите за надзор и исчезнаа без трага, се до 1994 година кога во полицијата пристигна писмо со понуда да ги вратат сликите во замена за 2,6 милиони долари и имунитет од кривично гонење. Сепак, авторот на оваа понуда уште еднаш не се појави. Разгледувајќи го случајот, може да се каже дека ова кражба е дело на аматери, бидејќи воопшто не беа загрижени дали ќе ги оштетат делата, а исто така оставија поскапи уметнички дела позади нив. Случајот сеуште не е решен иако полицијата нуди 5.000.000 $ како награда за каква било информација за украдени дела. Исто така, властите изјавија дека кривично нема да одговараа сторителите доколку ги вратат уметничките дела.

Напиши коментар