Иако неодамна наполнила 30 години, актерката се плаши дека никогаш нема да го најде идеалниот дечко со кој ќе основа семејство.
Актерката Кирстен Данст изјавила дека сметала дека до 30-тата година некои работи во нејзиниот живот ќе се променат. Таа се плаши дека е веќе доцна да го најде дечкото со кој ќе посака да има деца.
– Мажите денес се однесуваат како Петар Пан. Имаат 35, а се однесуваат како да имаат 25 години, – вели таа.
– Едвај чекам да дојде денот кога ќе станам мајка за да се одморам од Холивуд, – признава Кирстен која до неодамна беше во депресија.
