Веднаш по лансирањето, КТМ X-Bow, радикалниот, лесен концептуален автомобил со среднишен мотор и со својата конструкција од прекрасни јаглеродни влакна привлече голем интерес кај потрошувачите и медиумите. Тоа е проследено со бројни награди, од кои последната е од “Top Gear” списанието – “спортски автомобил на годината”. Секој што сака да доживее е првиот КТМ спортски автомобил достапен за сите сезони, односно да не мора да чека до пролет, но како што може да се види од сликите и за време на студената сезона, спортскиот автомобил со отворен покрив е отпорен на зимата 🙂 Значи сé е до возачот и неговата издржливост 🙂





