ШоуБиз

Куќата на Бранџелина во Малибу… ама се продава!

Актерскиот пар Бред Пит и Анџелина Џоли ја продаваат својата раскошна куќа во Малибу за 13 милиони и 750 илјади долари. Ние, за вас, специјално направивме еден прилог во кој можете да видите како изгледа сиот тој луксуз.

Стаклената куќа на плажа, преполна со светла и поглед на океан е уредена во минималистички стил. Причината зошто се продава оваа луксузна куќа сеуште не е позната. Но, да не се загрижуваме премногу бидејќи тие не се за жалење; имаат недвижности уште во Лос Анџелес, Њу Орлеанс, Франција и Италија.

Имотот во Малибу се состои од две куќи, базен, тениски терен и градини. Има четири спални соби и купатило, како и три камини. Новиот сопственик кој ќе издвои 13 милиончиња ќе има и сопствен пат кој води до приватна плажа.

Погледнете и сами:

Напиши коментар