Светски познатата актерка Лајза Минели овие денови се движи со помош на инвалидска количка. Причината за тоа е што таа си ја скршила ногата, а виновникот за несреќата е нејзиното куче.
Имено, нејзината нога е скршена дури на три места. На медиумите не им објаснила зошто поточно го обвинува своето куче и на кој начин тоа придонесло за несреќата. Засега таа не може да живее во својот стан во Њујорк, а нејзината помошничка ја вози насекаде, додека Лајза немирно седи во инвалидската количка и чека повторно да се најде на нозе.
