Керозин

Lamborghini Aventador LP700-4 Roadster спремен за саемот во Женева

Што е единствената работа што може да биде подобра од супер-купе модел со фантастични 700 коњски сили ? Одговорот е лесен, супер-автомобил во роудстер варијанта со истите фантастични 700 коњски сили.

Зашто последните две Ламборџини V12 супер-автомобили, Диабло и Мурчелаго, добија верзија со отворен кров, знаевме дека е прашање само на време кога и Авентадорот ќе појде по истите стапки.

Ако им веруваме на гласините на бројните интернет форуми , Ламборџини ја заврши работата на Авентадор Роудстерот, кој е потполно спремен да во својот полн сјај да се претстави на саемот во Женева, кој ќе се одржи во март.

Од друга страна, меѓу гласините има и прилично охрабрувачка најава дека досегашниот кровен механизам, ќој с е наоѓа на Мурчелагото, ќе биде заменет со пофункционален.

Во секој случај, до саемот во Женева се останати  неколку месеци, а кога италијанската компанија во прашање, не се сомневаме дека вреди да се чека.

Напиши коментар