Lamborghini Reventon е спортски автомобил кој за прв пат бил претставен на авто шоуто во Франкфурт во 2007. Тоа досега е најскапото Lamborghini, чини еден милион евра. Најголемата брзина ја има постигнато во Дубаи, 365 километри на час. Од овој модел на коли се произведени само 20 примероци, а потоа уште еден за музејот на Lamborghini.

И покрај тоа што надворешниот изглед е нов, скоро сите механички елементи (вклучувајќи го и моторот) се превземени директно од моделот Murcielago LP640. Според официјалните информации, надворешниот изглед на Lamborghini Reventon е инспириран од „најбрзите авиони.” За да се докаже ова, Lamborghini организираше трка помеѓу Reventon и Panavia Tornado, воен авион, на писта долга 3 километри. Reventon беше во водство во поголемиот од трката, меѓутоа беше претркан во последните моменти од трката.

Овој модел е долг 4, 7 метри, широк 2,058 метри, а висок 1,135 метри. Има 12 цилиндричен мотор кој има 650 коњски сили. Lamborghini Reventon има шест брзински, автоматски и мануален менувач. Единаесет модели се продадени во Америка, седум во Европа и два во Азија.

Напиши коментар