Мода

Лејди Гага – Револуција во модата

Неодамна во Њујорк, од страна на “Советот на дизајнери на Америка”, Лејди Гага беше прогласена за “фешн икона” и највлијателна ѕвезда во однос на модата.

Таа изјави дека модата е областа што отсекогаш и значела многу. Како тинејџер ги трошела сите заштедени пари за гардероба и се приготвувала за вечерните забави како да се приготвува за “Оскар”.

Нејзиниот стил е артистичен, смел, дрзок и провокативен. Со истото темпо на искачување по музичките класации истовремено се бори и за титулата “модна икона” и успеа и во едното и во другото.

И покрај тоа што некои модни критичари ја обвинуваат дека злоупотребува со модата, сепак и ја признаваат артистичноста. Лејди Гага и понатаму ќе продолжи да ги провоцира сите со нејзиниот стајлинг, а ние со интерес ќе следиме што се случува со неа, бидејќи навистина знае да изненадува.

Напиши коментар