Кога лојните жлезди работат интензивно, тогаш кожата на лицето трпи, се предизвикуваат акни, се појавуваат проширени пори во кои се собира нечистотија, па така неизбежни се и митисерите.

Таквата кожа треба двапати на ден да ја чистите со лосион и редовно да нанесувате соодветен крем. Откако ќе го  изложите лицето на пареа, треба да го третирате со пилинг кој можете да го направите од пченкарно брашно и вода или пак, шеќер, маслиново масло и сок од лимон, во зависност од тоа што имате во кујната. За кое и да се одлучите, лицето масирајте со го нежни, кружни движења. Кожата ќе биде чиста, но и мека.

За крај, нахранете го лицето со маска од една лажица квасец и половина лажица лимонов сок, нанесете ја и држете ја на лицето 15 минути. Можете да се обидете и со краставица. Исечете ја на тркалца, посипете ги тркалцата со мелени лешници и пред нанесување на лицето држете ги во фрижидер еден час. Оваа маска можете да ја нанесувате секој трет ден.

Напиши коментар