Мода

Лекции по стил: Тоа да!!! Тоа не!!!

Да ја искомбинираш добро облеката со аксесоарите не е едноставно и лесно, да го направиш правилниот избор на гардероба според  фигурата исто така, а да ја носиш облеката со стил е навистина достигнување. Да погледнеме кои од ѕвездите се справиле со ова а кои не!

Првата споредба е помеѓу Ашли Тисдејл и Рутина Вислеј. Двете дами избрале мини фустан “Farah Angsana”. Моделот е бел со прекрасна графичка штампа во црно. Атрактивниот принт бара многу едноставни чевли како тие на Ашли. Поради оваа причина таа е победникот.

Селита Ибанк и Џада де Лаурентис изгледаат маѓично во ултра стилизираниот модел од колекцијата на Викторија Бекам. Прекрасниот сив фустан и двете го искомбинирале со идеални аксесоари за овој аутфит!

Есенската колекција на “Stella McCartney” е апсолутен хит меѓу славните. Овој пат ги имаме Кејт Винслет и Крис Џенер облечени во истиот фустан, но тој не е соодветен на силуетата на Крис бидејќи страничниот детал од фустанот го привлекува вниманието и оптички ги раширува женските форми. Затоа пак на Кејт и прилега феноменално.

Кобалт нијансата на синото е супер актуелна. Како претставнички на оваа тенденција ги избравме Хејдан Пенетир и Ники Хилтон. Двете избрале панталони на “J Brand” и ги искомбинирале по различен начин но и двата начина се во ред. Актерката го доловила небрежниот стајлинг, а богатата наследничка пак изгледа поелегантно.

Сиара и Кајли Миног одбрале сексипилен фустан од марката “Emilio Pucci “кој го искомбинирале со обувки во истата боја. Сиера гордо го истакнува своето деколте но на нас повеќе ни се допаѓа романтичната визија на Кајли, која го носи моделов со повеќе стил.

 

 

Напиши коментар