Неговиот стил најкратко може да се опише како автентичен. Затоа и е стил. Да бидеш како Лени баш и не е многу кул. Многу повеќе е кул да бидеш она што си и да се обидеш на некој свој начин да го покажеш свој стил. Сепак ако се одлучиш за тој неомилен начин на креирање на стил, а тоа е копирањето, нашиот совет е да избереш кул фаци кои те воодушевуваат и да ги избереш нивните најдобри аутфити ( бидејќи секој има и лоши ) за да направиш нешто само твое. Оваа варијанта е многу подобра отколку да го „клонираш“ својот идол. Тогаш веќе не си маж со стил, тогаш си лузер.

Секако дека сите можеме да се обидеме да бидеме некој друг. Но факт е дека тогаш се губиме себе си и стануваме нечија лоша копија. Затоа, кога ќе дојде некој и ќе ви каже, „зошто не си како сите други“, бидете сигурни дека тој и не ви е некој пријател. Вистинскиот пријател не би барал од вас да бидете некој друг.

Што се однесува на Лени, од него земете го ставот. Тоа е она што најмногу може да ви помогне да изградите свој стил.







1 Comment
Cool site. Hello from America!