Art & Crafts

Лесно до блескав накит

Еве неколку добри и корисни совети како на вашиот накит да му го вратите стариот сјај и повторно да заблеска на вас! Генерално најдобро се чисти со мека четка за заби и квалитетен течен детергент. Потоа следи бришење и гланцање со мека влажна, а покасно и со сува крпа.

Корал

Коралот ќе го освежите ако го измиете со маслиново масло. А ако коралниот ѓердан е чист, но сјајот е изгубен, оставете ја да стои неколку часови во замрзнувач.

Сребро

Потемнетото сребро исчистете го со лимон или натопете го во вода во која сте додале сода бикарбона. Прочистете го секое парче накит, а потоа исушете го со сува крпа или со памук. Исто така и пепелот од дрво одлично го чисти сребрениот накит кој има украсни камења.

Бакар

Бакарот со текот на времето го губи сјајот. Се чисти со детергент за садови. Ако на накитот забележите дамки, прво отстранете ги со памук натопен во оцет и сол. Ќе засвети во полн сјај и ако го протриете со лимунова кора.

Злато

Златото исчистете го со вода во која сте раствориле неутрален сапун. Можете да употребите и амонијак растворен во вода. На крај накитот исушете го со сува крпа. Златен прстен без камчиња можете да го потопите во алкохол и полека да го исчеткате.

Жад и ќилибар 


Жадот и ќилибарот се чистат со алкохол или аптекарски бензин. После чистење треба да ги „потхраните” со малку маслиново масло а вишокот на маслото отстранете го со еленска кожа.

Бисери

Пожолтените бисери ставете ги две минути во млак вински оцет, а потоа во млака чиста вода. Оставете ги да се исушат на чиста крпа.

 

Напиши коментар