Убавина

Лесно до перфектна фризура

Собрана коса, но слободно, без затегање и лак за коса. Оваа фризура е во тренд сезонава. Се потрудивме да ви помогнеме како самите да ја направите, без да има потреба од фризер. Доколку не сте толку спретни самите да го направите ова, тогаш вашата другарка нека се обиде. Погледнете како тоа се прави во неколку чекори.

Најпрво косата треба да ви биде измиена и исушена.

Потоа поделете ја косата на два дела, долниот дел соберете го во “неуредна” пунџа. За да ви биде полесно, горниот дел соберете го со штипка за да не ви смета.

Сега почнете постепено прамен по прамен да пуштате од горниот дел од косата. Праменот извиткајте го со прстите и врвот од него прицврстете го за пунџата со помош на шнола.

Повторувајте ја постапката наизменично од левата па од десната страна.

 

Косата која се наоѓа на темето кренете ја нагоре и истапирајте ја за да добиете на волумен. Потоа свиткајте ја и ставете ја внатре во пунџата.

Со ова вие веќе имате убава и модерна фризура.

Напиши коментар