Убавина

Лесно до здрава кожа

И покрај вашиот преполн распоред, не заборавајте да обрнете особено внимание на состојбата на вашата кожа. Овој едноставен и природен рецеп за убавина, ќе ви помогне да се ослободите од хемикалиите кои можат да предизвикаат непоправлива штета на вашиот тен и изглед.

Белка од јајце и праска за зацврстување на кожата

Комбинирајте ги овие две магични состојки за да ги наполните клетките на вашата кожа со минерали и ревитализирачки витамини. Земете чинија со средна големина и измешајте 1 белка од јајце со 1 зрела испасирана праска. Користете блендер за да се создаде мека смеса којашто ќе можете да ја нанесете на вашата кожа. Оставете ја маската на лицето да отстои 30 минути и уживајте во освежувачкото дејство слично на она што го добивате во спа-центар за убавина. На крај, измијте ја маската со ладна вода. Повторувајте  го третманот за да постигнете беспрекорна состојба на кожата.

 

Тоник од зелен чај за сјаен тен

Зелениот  чај содржи голема количина на антиоксиданси. Ако сакате да се зголеми природниот сјај на вашиот тен, експериментирајте со рецептот за тоник од зелен чај. Ставете две лажички лисја од зелен чај во врела вода.

Оставете ги билките да отстојат десет минути. Откако ќе се олади, натопете го памукот со лосионот и нанесете  го на вашата чиста кожа. Природниот тоник ја ревитализира вашата кожа и добивате здрав и сјаен ефект на вашето лице.

Кујнска сол и јогурт за големи пори

Лечете ги порите со помош на едноставен  домашен третман. Јогуртот има моќ да ја зголеми еластичноста на кожата, солта е совршена состојка која може да ви помогне  да ги прочистите  порите од слободните радикали. Земете сад и истурете ¼ чаша јогурт во него. Потоа додадете три  лажички кујнска сол за да се создаде фина смеса. Нанесете ја смесата на вашата кожа и почнете со масажа на порите со кружни движења. Продолжете со масажата уште 3-4 минути и на крај исплакнете ја маската со ладна вода.

Напиши коментар