Чоколадото е исклучително богато со фосфор и магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во 100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум, 300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр. јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. белковини. Освен тоа чоколадото содржи и фолна киселина, бета каротин, лецитин како и витамините Б1, Б2, Б5, Б6 и Е.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
450 грама Шеќер
80 милилитри Чоколадно млеко
1000 милилитри Млеко
250 милилитри Алкохол (90%)
Време за подготовка: 15 мин.
Време за готвење: 60 мин.
ПОДГОТОВКА:
Сварете го млекото и шеќерот на средна температура.
Варете додека не се намали масата за 20%.
Во сварената маса додадете изрендана чоколада и мешајте додека не се стопи.
Во истопената чоколада вмешајте а го алкохолот и ликерот сипајте го во шишиња.