Пејачката во Лондон роди девојче, а името сеуште не е познато.
Лили Ален (26) ја отфрли пејачката кариера за да му се посвети на семејниот живот со Сем Купер, со кого стапи во брак во јуни, оваа година.
Пејачката отворено проговори за желбата што поскоро да стане мајка, бидејќи досега две најзини бремености завршиле трагично. Првиот пат била трудна во 2008 година од Ед Сајмонс од „Кемикал брадрс“, а во раната фаза на бременоста го изгубила детето. Вториот пат бебето од Сем го изгубла во шестиот месец од бременоста.
Пејачката и нејзиниот сопруг се пресреќни поради здравото девојче кое конечно го добиле, а наскоро ќе соопштат како ќе се вика новороденчето.
