ШоуБиз

Лима со ангелски крила и на 50 години!

Адријана Лима неодамна изјави дека има намера да се занимава со манекенство уште доста долго време, дека сите најзини маани се всушност секси и дека пред да излезе на пистата постојано медитира.

–  Мојот план е да бидам најдолговечниот модел на „Victoria’s Secret“ и се надевам дека англелските крила ќе ги задржам и кога ќе имам 50 години, – се нашалил овој светски топ модел.

Лима вели дека во животот не треба да се бара совршенство туку да се прифатиме себе си со сите доблести и маани. Таа смета дека токму нашите маани не прават да бидеме посекси.

Пред да излезе на пистата Лима обожава да медитира или да слуша музика, а за поголема самодоверба секогаш си става неколку капки од својот омилен парфем.

Напиши коментар