ШоуБиз

Линдзи Лохан како од мајка родена за милионче!

Проблематичната актерка ќе позира гола за најновиот број на „Плејбој“… и тоа за хонорар од шест нули.

На актерката, се вели, ќе и бидат платени милион долари за фотографии на кои е како од мајка родена. Списанието првично ѝ понудило сума од 750.000 долари која актерката не ја прифатила. Потоа, од „Плејбој“ се нафатиле да платат еден милион.

Се вели дека едиторијалот ќе се снима во текот на наредниов викенд, а сликите ќе се најдат во следниот број на познатото машко списание.

На оваа идеја се дошло кога од менаџментот ги виделе сликите на Линдзи за „Њујорк магазин“ во 2008 година, на кои Линдзи е исто така гола и личи на Мерлин Монро. Во тоа време, нејзиниот татко изјавил дека ни мртов не би ги погледнал тие фотографии, дека неговата ќерка е возрасна и дека е нејзина работа што таа прави со својот живот и со својата кариера.

Напиши коментар