ШоуБиз

Линдзи Лохан ќе чисти крвави подови

Линдзи Лохан е казнена со 360 саати работа корисна за општеството. Откако направи проблеми во еден женски центар во Лос Анџелес, судијката Стефани Саунтер наредила Лохан да биде преместена во мртовечница. Судијката е многу лута бидејќи актерката не си ја сфатила сериозно работата и доаѓала кога ќе и текнело, а не според определениот распоред.

Поради тоа, Линдзи е казнета со додатни 120 саати во кои треба да го чисти крвавиот под во мртовечницата, а тоа ќе го прави потполно сама. На идното сослушување Линдзи ќе мора да објани зошто во женскиот Црвен крст останувала по само четири часа дневно и зошто девет пати воопшто не се појавила. Исто така, ги игнорирала и сите состаноци со психијатарот.

Напиши коментар