Sweet Home

Линии како декорација на домот

Дали хоризонтални или вертикални, широки или тенки, линиите може целосно да ја променат перцепцијата на вашиот простор за живеење. Ќе ја разиграат дневната соба, бањата, спалната соба, собата за децата, кујната.. без оглед на тоа дали станува збор за позадина, бои за бојадисување или ленти за лепење.

Ce разбира, неопходно е да се почитуваат некои правила, исто како и во облекувањето. Знаете како лентите може да ве направат повисоки или пошироки, во зависност од тоа како тие се поставени на ткаенината. Истото правило важи и за ентериерот.

Вертикалните ленти го издолжуваат просторот и сe идеални за простории сo пониски тавани, или за оние сo високи, но кои сакате да бидат забележани поради нивната убавина.

Хоризонталните линии визуелно ја прават собата да изгледа поголема и се избираат за помали соби. Широките и дебелите ленти привлекуваат повеќе

внимание и се подобар избор за простории сo стар и дискретен мебел.

Ако се комбинираат две нијанси од иста боја, ја прават собата многу поголема. За споредба од нив, тенките линии се дискретни, па ако се сo посветли

нијанси одат многу добро сo нов, модерен мебел. Потоа, ако ѕидовите се сo широки ленти, тогаш за перниците,килимот, големите вазни, завесите, теписите,комодите,итн..изберете посуптилни ленти. Во зависност од нивната големина, поставувањето и изборот на бои, ентериерот ќе делува класично, уникатно, светкаво, моќно …

За создавање на опуштена атмосфера во вашиот дом, користете ленти во розова, сина, бела или нијанси на сива боја. И немојте да мислите дека тие не поднесуваат слики. Можат да се постават слики во поголеми простории, но имајте на ум да ja направите рамката во иста боја како и лентите кои се на ѕидот.

 

 

 

Напиши коментар