Здраво тело

Лоша вест за вечните ергени!

Еве новост за сите мажи кои сеуште се мислат дали да застанат пред лудиот камен. Мажите кои се неженети, кои сеуште се ергени имаат два пати поголеми шанси да починат од рак, споредено со оние оженетите.

Најновото истражување покажало дека мажите кои не се во брак имаат поголеми шанси да заболат и починат од 13 различни видови на рак вклучувајќи ги и рак на белите дробови, простата и сл.

Норвешките научници стојат зад заклучокот бидејќи сметаат дека бројката на испитаници е голем доказ за вистинитоста. Истражувањето кое тие го направиле било спороведено над 440.000 испитаници.

Претходните студии до сега имаат докажано дека мажите кои се во брак имаат подобро здравје, што уште еднаш се докажува дека заклучокот од ова истражување е веродостоен.

Напиши коментар