Lotus Evora е спортски автомобил произведен од британскиот производител на автомобили- Lotus. Автомобилот, кој беше развиен под проектното име Project Eagle, беше за прв пат претставен како Evora на британското интернационално мотор шоу, на 22 јули, 2008.

Со името „Evora” Лотус ја задржа традицијата имињата на неговите модели да започнуваат на буквата „Е.” Името произлегува од зборовите еволуција, мода и аура (evolution, vogue и aura).

Производството на оваа кола започнало во 2009. Компанијата има за цел да продава 2000 автомобили по година, а цената на Lotus Evora со движи од 45.000 до 50.000 фунти. На 12 август, 2009, овој автомобил беше прогласен за „Најдобар автомобил избран од возачите”, од страна на британскиот авто-магазин „Autocar.”

Lotus Evora има мотор на Тојота со шест цилиндри и 276 коњски сили, но доколку се притисне копчето за supercharge достигнува и 345 коњски сили. Evora е долга 4,34 метри, широка 1,84 метри, а висока 1,22 метри. Тешка е 1.350 килограми. Достигнува брзина од 100 километри на час за 4,9 секунди. Максимална брзина која може да ја достигне е 261 километри на час.

Напиши коментар