Мода

Louis Vuitton Show за пролет – лето 2012! Скапичко ама убавко:)

Нема некој кој не би сакал да присуствува на шоуто на Loius Vuitton. Прекрасната сценографија за момент ќе ве однесе во друга димензија, преубавите модели ќе предизвикаат воодушевување.

Токму тоа се случи и на последната ревија на овој светски бренд. Најновата колекција наменета за пролет – лето 2012, беше носена од најдобрите модели и сето тоа изгледаше како од бајките. Големиот рингишпил во бела боја дополнително ја збогати убавата атмосвера.

Кејт Мос беше главниот модел на оваа ревија. Таа како исекогаш изгледаше прекрасно на сцената.

За креациите нема да има потреба да се коментира кога се потпишани од врвниот креатор. За цената на оваа облека исто така нема да коментираме, наместо тоа ќе ви ја претсатвиме колекцијата прегу фотографии.

Напиши коментар