ШоуБиз

Мадона ја советува Деми како со помлади фраери:)

Разводот на Деми Мур и Ештон Качер не само што ги подели мислењата на медиумите, туку и на светските ѕвезди. На Деми прва на помош ѝ дојде кралицата на поп музиката.

Таблоидите пишуваат дека Мадона (53) е помеѓу првите кои ѝ се јавиле на Деми (49) за да ѝ пружат поддршка кога започнаа нејзините брачни проблеми.

–  Ако Деми не ѝ се јави, тогаш Мадона праќа порака во која ја советува Деми да биде јака и да не се нервира бидејќи направила сè што можела за да го сочува бракот, – вели извор близок на Деми.

Со оглед на тоа што Мадона била во брак и во врски со помлади мажи, и повеќе од јасно е зошто ја разбира Деми и сака да ѝ помогне.

Мадона ѝ рекла на Деми дека Ештон е незрел и дека нејзе ѝ треба некој кој ќе ја исполни во секој поглед.

Напиши коментар