ШоуБиз

Мадона му е љубовница на Крис Мартин, мажот на Гвинет Палтроу?

Мадона и Гвинет Палтроу некогаш беа најдобри пријателки, но одеднаш престанаа да се дружат. Тогаш никој не можеше да претпостави за што се работи, а сега точно знаеме поради што тие раскрстија со пријателството.

Во списанието „Star“ се открива дека тие се скарале бидејќи Мадона го смувала сопругот на Гвинет Палтроу, Крис Мартин. Многу други кои застанале на страната на Гвинет, во тоа време престанале да зборуваат со Мадона.

–   Мадона почна да флертува со Крис и поради тоа, Гвинет престана да се дружи со неа. Нивните заеднички пријатели застанаа на страната на Гвинет, а Мадона остана сама и повеќе нема пријатели. А, ги имаше многу! Гвинет, Стела Мекартни, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други ја напуштија, – наведува споменатиот таблоид.

Write A Comment