ШоуБиз

Мадона рака под рака со Бандерас

Поп кралицата Мадона, на изненадување на многумина, на прославата по повод премиерата на новиот филм „Skin I Live In“ се појави рака под рака со Антонио Бандерас.

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар ја прослави премиерата на својот нов трилер во еден њујоршки бар. Мадона и Антонио Бандерас повторно се сретнаа после неколку години.

Пред тоа работеа заедно на документарниот филм за животот на Мадона наречен „Truth or Dare“. Кралицата на поп музиката, покрај Бандерас, на журката  го довела и својот дечко Брахим Заибата, како и својот поранешен љубовник Карлос Леоне, таткото на нејзината ќерка Лурд.

На забавата, Мадона и Бандерас привекле најмногу внимание бидејќи најмногу се забавувале и опуштиле.

Напиши коментар