ШоуБиз

Мадона сака вечно да е млада! А кој не?!

Ако добро ја погледнете сликава, може и да заборавите дека ова се мајка и ќерка со 38 години разлика меѓу нив. Мадона не се откажува до борбата засекогаш да остане млада.

Забележана е на аеродромот во Њујорк, од каде се прибирала за семејно да го прослави Божиќ. Мадона изгледала буквално како да ѝ е другарка на ќерка си, особено по стилот на облекување.

Не е ни чудно што толку слично се облекуваат со оглед на тоа што неодамна ја промовираа својата заедничка модна линија именувана како „Material Girl“.

Инаку, за празнците со нив била и посвоената ќерка на Мадона, 6-годишната Мерси, која Мадона ја посвои во 2009 година.

Write A Comment