Prison brake

Мафии кои го контролираат светот

Лична карта на најмоќните мафии на светот – IV дел

Kолумбиска мафија

Постојат од средината на шеесеттите години кога за првпат дилерите на наркотични средства почнаа со продажба на дрога на мало во САД. Картелите “Medellin” и “Cali” брзо станаа водечки производители на кокаин во светот. Со цел спречување на картелот ” edellin”, да заземе поголем дел од пазарот, колумбиската власт започна да соработува со картелот “Cali”, кој денес претставува најголема мафијашка организација во светот. Тие се познати по својата добра соработка со организираните криминални групи во сите земји и по контролата на транспортните канали на кокаин.

Kинеска мафија

Се верува дека денес контролираат две третини од пазарот на хероин во светот, кој е главно наменет за продажба во САД. Се занимаваат со трговија со илегални имигранти во Југоисточна Азија, Европа и САД, но исто така и со кражби, платени убиства, фалсификување пари… Се верува дека имаат околу 30.000 членови од Кина, Малезија, Тајван, Сингапур…

Write A Comment