Вистински празник за очите ни подготвиле од Yves Saint Laurent за есен-зима 2011.
Новата колекција декоративна козметика “Jardin de Minuit” е инспирирана од ирисот и орхидејата и не води во светот на волшебното, мистеричното и женственото.
За неверојатните бои од полноќната градина на Yves Saint Laurent повторно е одговорен стилистот на марката, Лојд Симонс, создателот на новата колекција. Таа содржи 6 нови бои кармини “Rouge Volupté Perlé”, едноимената палета сенки за очи “Jardin de Minuit”, две полноќни бои лак за нокти и 6 нови нијанси руменило.