Една од најлегендарните и најозборуваните холивудски венчавки е секако онаа на Том Круз и Кејти Холмс.
Двојката се венчаше во замоот Одескалчи кој се наоѓа на езерото Брачијано во Италија на 18 ноември 2006 година, пред 150 најблиски роднини и пријатели.
Кејти беше облечена во романтична венчаница на дизајнерот Џорџо Армани, додека Том исто така блескаше во темно син костум специјално направен за свадбата, односно рачно изработен од самиот Армани. Нивната тогаш седуммесечна ќерка Сури носеше фустан дизајниран за да одговара на фустанот на нејзината мајка.
Невестинската торта беше на пет спрата и беше направена од бело чоколадо и декорирана со бели рози од марципан.
Двојката ги размени заветите и се заколна на вечна љубов со прстените од бело злато со дијаманти, изработени од познатиот бренд Картие. За музиката и добрата забава на свадбата беше задолжен оперскиот пејач Андреа Бочели.
На венчавката присуствуваа многу познати ѕвезди, меѓу ои и Вил и Џада Пинкет Смин, Брук Шилс и Крис Хенши, Викторија и Дејви Бекам, Џенифер Лопез и Марк Ентони, Џим Кери и Џени Мекарти и многу други.