Откако се здебели неколку килограми, Мајли Сајрус стана мета на бројни медиуми, кои почнаа да се шалат на сметка на нејзината нова фигура. Тоа ја разлутило Мајли, па решила да се обрати и оправда на Твитер. Мајли вели дека ужива во својата нова линија и згора на тоа објавила слики од анорексични девојки под кои напишала: „Сè додека мене ме нарекувате дебела, ги терате другите девојки да бидат вакви“.
Мајли вели дека се сака себе си, за разлика од оние кои по цело време седат на компјутер и ги навредуваат останатите. Веднаш потоа објавила слики со Мерлин Монро како доказ дека мажите сакаат жени со облини.
– Ова е доказ дека можат да ве обожаваат илјадници мажи, иако бедрата ви се допираат. Не сакам да имам облини како девојче, туку како жена, и верувајте ми дами, тоа нема да им смета ни на вашите мажи, – напишала видно растревожената Мајли, која моментално е во врска со Лиам Хемсворт.
