Убавина

Make up трендови

Најдоброто место за да се најде инспирација кога станува збор за модата, фризура и шминка, се модните ревии на најпознатите дизајнери во светот. Сепак, тие се оние кои одлучуваат што ќе се носи и како.

А денес, кога имате огромна понуда на шминка, сенка, маскара, пудри по цени достапни за сите ништо не можете да ве спречи да „позајмите” изглед со кој се послужил вашиот омилен моден дизајнер.

На модните ревии за оваа есен се претставија неколку ултра заводлива makeup изгледи, во што и вие лесно може да најдете инспирација. За оваа сезона есен/зима трендовите ќе варираат од природни, преку гламурот на стариот Холивуд до сосема откачена употреба на бои. Трансформирајте се со најпопуларните трендови за оваа сезона, покажете дека го следите светскиот тренд и ќе бидете во центарот на вниманието каде и да одите.

 

Природна убавина

Бојата на кожата и неутрални бои ќе доминираат на makeup сцената, а што е најдобро овој makup изгледа добро на сите? Има ли нешто поубаво од потенцирање на природната убавина? Оваа шминка ќе се носи преку ден и за навечер, за деновите кога сакате да изгледа дека имате многу самодоверба. Користете нијанси на бојата на кожата, бледо розова, беж и светло-кафеава нијанса за да ги нагласите вашите очи. А можете да додадете дискретна и тенка линија со кафеав молив или туш за очи, и еден или два слоја на кафеава или црна маскара. Се што ви преостанува е малку руменило во дискретна нијанси – и ќе бидете подготвени.

 

Заводливи „Smokey eyes“

Есен и зима е време кога може да си дозволите малку „потешка” шминка, особено во случај на специјални настани – забави или прослави. Посебните прилики бараат софистициран изглед, шминка која остава посилен акцент на лицето – а што е подобро од т.н. Smokey eyes шминка? Оваа сезона направете отстапување од класичната црни, сиви или кафеави Smokeyе и одлучете се за некоја друга боја. Боја на вино, зелени смарагд, сребрена, бакарна боја, или електрична сина боја кои се хит за оваа сезона, особено ако се работи за метални сенката за очи. Изгледот финиширајте го со црн туш за очи и неколку слоеви на маскара. Заводлива и секси, Smokeyе стилот никогаш нема да ве предаде, затоа обидете се со овој изглед и искусете ја моќта на заведување.

 

Ултра нагласени трепки и усни

Јако изрезените трепки ќе бидат многу популарна оваа сезона – па затоа бидете подготвени за многу повеќе од вообичаените еден или два слоја на маскара. Долги и полни со волумен, овие трепки ќе направат вашите очи да изгледаат поголеми и не се плашете да ги нагласите и долните трепки. Ако пак, со маскарата неможете да го постигнете саканиот изглед – не плашете се да употребите вештачки трепки.  Со нагласена трепки, но и без нив -оваа есен повторно се во мода нагласените усни, но сега, за разлика од летото, популарни се потемни нијанси на кармин.

 

Заводлив туш за очи

Тушот за очи оваа сезона е многу популарен. Она што вие можете да го направите е очите да ги нагласите на повеќе начини и во повеќе бои – линија може да биде потенка или подебели,  подолго или пократко, со „кривини” на крајот или рамни, а бои во сите можни нијанси.

 

 

Напиши коментар