ШоуБиз

Маките на “Ангелите” – слатки се?

Можеби ви се чини дека манекенките од јатото на „Викториините ангели“ имаат безброј додворувачи, но Кендис Свонпул и Ерин Хитертон тврдат дека никако не можат да си најдат дечко.

Минатата недела тие биле во Прага, каде ја снимале рекламата за новата колекција долна облека. Не се знае на кој му било потешко: нив – да парадираат по долна облека по улиците или на минувачите, да ги гледаат и да воздивнуваат.

–        Беше во ред. Секогаш сме опкружени со луѓето со кои соработуваме. Ние сме како едно семејство. Кендис ми е најдобра пријателка. Се дружам и со Лили и Роузи.  Најдобра работа во сето ова е што имам многу добри пријателки, нешто како сестри кои никогаш сум ги немала, – рекла Ерин за време на снимањето.

Но, тоа не значи и дека им е лесно да си најдат дечко.

–        Мислам дека е потешко да имаш дечко кога си со „ангелите“. Кога луѓето не запознаваат, веќе имаат предрасуди за нашата работа. Секогаш се фалат со вилите кои ги поседуваат, – изјавила Кендис која има дечко и со него е од својата 17-та година, а тоа се веќе шест години врска.

Иако има дечко, таа признава дека неодамна се заљубила во Џастин Бибер, но ѝ поминало за брзо време. Ерин, пак, која сеуште трага по вистинскиот, не е сигурна како би ѝ влијаела нејзината работа врз љубовниот живот. Неодамна раскинала со дечкото, а веќе подолго време пред тоа не била сама.

Write A Comment