Убавина

Мали тајни за тенка линија

Одмор без компјутер

Времето за пауза многу луѓе го искористуваат пред компјутер, а наместо да шетаат додека јадат сендвич, преферираат паузата да ја завршат пред Фејсбук или некој друг сајт. Луѓето кога јадат пред компјутер, јадат многу повеќе од оние кои за време на оброкот го поминуваат времето шетајќи се негде надвор.

Храната со висока содржина на вода

Супа, свежи краставици и лубеница помага да бидеме заситени со помалку калории, а интересен е фактот дека потрошувачката на вода со оброкот го има овој ефект. Доколку оброкот го започнете со супа или салата, помалку ќе јадете, и тешко дека главното јадење ќе има притисок врз вашата линија.

Замислете се како јадете

Списанието Наука спроведе студија на две групи на луѓе и М&М бонбони : И двете групи ги добија своите јадења и на едната и беше наредено пред да почне да јаде да замисли како ги јаде бонбоните и ужива во фантазијата. Групата која претходно го замисли јадењето помалку јадела бонбони од групата која и беше дозволено веднаш да почне со слатките. Научниците велат дека замислувањето на храна ни помага помалку да јадеме.

Мултивитамините помагаат

Магична пилула за слабеење не постои, но мултивитаминската таблета може да помогне во намалување на килограмите. Истражувањето во Кина спроведено на 85 дебели жени се базира на давање на мултивитамини на дневна база секојдневно, додека другата група добивала плацедо. Жените кои секојдневно консумираат мултивитаминска доза ја изгубиле тежината, додека другата група останала на иста тежина. Ова објаснување е со цел дека нашето тело функционира со витамини и минерали .

Напиши коментар