← НАЗАД НА БОЗА

Манго lookbook

Манго lookbook
1489 Читања

Сите модни куќи веќе започнуваат да ги претставуваат моделите за есен / зима 2011 /2012. Па, така сега на ред дојде и Манго, кој во колекцијата за есен/ зима воведе ретро и модерен стил.

Иако сме пред крајот на летото и би требало да погледнете што уште останало од попустите, секако погледнете и што предлага новата колекција на Манго за следната сезона. Одберете некое парче облека кое сакате да го имате и набавете го во првата прилика…нема да згрешите ако сакате да бидете ин оваа сезона!

Манго за престојната сезона одлучи да спои два стила кои никогаш нема да излезат од мода, а тоа се ретро седумдесетите и рок стил.

Меѓу овие парчиња облека може да се пронајдат оние кои преферираат класичен изглед, но и оние кои се во потрага по нови, интересни, фанки парчиња. Преку овие парчиња облека ќе дојде до израз вашата женственост и елеганција, бидејќи оваа колекција е изработена од твид и свила.

Ретро стилот во овие парчиња најмногу ќе се чувствува преку костимите и капутите, а рок стилот е присутен во облик на кожени јакни и памучни блузи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk