Мода

MANOLO BLAHNIK се враќа појак од било кога

Дизајнерот  Manolo Blahnik, подолго време  повеќе или помалку оправдано помина во  сенката на своите славни колеги Christian Louboutin i брендот на Jimmy Choo, по чии свежи и нови дизајни полудеа милион жени желни за секси забележителни чевли. По големиот успех кој  Blahnik го постигна со серијата Сексот и градот, периодот кој следеше многу тешко му помина бидејќи со години тапкаше во мрак барајќи нова формула за успех. И по се изгледа, успеа  да ја најде.

Не само што Sarah Jessica Parker своите  чевли од Louboutink ги замени со моделите на Manol Blahnik, туку неговата креативност повторно се најде на врвот, што можеме да ја видиме во неговата несекојдневна колекција на чевли за пролет / лето 2012.  Акцентот притоа е даден на боите, laser-cut техниката како и на скулптуралниот дизајн со нагласено доминантни сребрени топчиња, кој уште сега ни ги евоцира спомените на разиграните и безгрижни летни денови.

Освен класичните парчиња, во сите можни бои и шари, дизајнерот ни претставува цела низа уникатни сандали, а во колекцијата претежно користи ласкава брусена кожа, природни материјали, како и многу популарната проѕирна пластика. Големо внимание Blahnik им посвети и на најситните детали, поради кои неговата пролетно  – летна колекција ни носи нешто ново и свежо за разлика од претходните сезони, па и другите дизајнери.

Како изгледа комплетната колекција која Blahnik го врати на местото врвен дизајнер на чевли, можете да ја разгледате галеријата на изложен модели.

 

Напиши коментар