Мода

Маноло Бланик – култните чевли на “Сексот и градот”

Новата колекција за сезонава е интересна, неверојатно разнообразна и впечатлива. Представените модели се соодветни за официјални поводи, меѓутоа и за секојдневието.  Некои од моделите се секси и елегантни, со висока штикла и женствени, а другите се поедноставни со чисти линии.

Големиот дел фанови на овој дизајнер сигурно ќе бидат восхитени од целата колекција, и како не би биле кога ова беше најчесто изговарано име, како симбол на идеалните и недостижни  чевли во култната серија “Сексот и градот”.

Интересни се асиметричните форми и нестандартните комбинации на бои. Дрските и нетипични предлози се во крвта на Маноло Бланик. Материјалите се антилоп, лак, кожа и сатенб. Удобно и комфортно изгледаат моделите со мала подпетица. Повторно ги гледаме актуелните за сезонава анимал принтови, како и сребрените акценти.

Напиши коментар