ШоуБиз

Маријана и Немеш не разделни… ќе има ли бебе?! :)

Љубовта меѓу победниците на шоуто „Големиот брат“, Маријана и Немеш цвета. Маријана (27) и Немеш (22) ја обновија љубовта која ја зпочнаа пред камерите на реалното шоу, а девојката поминала три незаборавни недели во станот на Немеш во Белград.

„И понатаму сме во стабилна врска, а се гледаме секогаш кога можеме и кога немаме други обврски“, изјавила Маријана за хрватските медиуму, а додале дека се уште не планирале заеднички живот и дека се уште живее со своите родители.

„Размислувам за купување на стан од парите од главната награда и тоа е се што ќе ви откријам“, додала Маријана.

Маријана ја започна романсата со Немеш додека се уште беше во брак со Иван, таа ќе се разведе од својот сопруг спогодбено, а првото рочиште е закажано за овој месец.

Напиши коментар