ШоуБиз

Марк Ентони е љубоморен на Каспер?

Латино пејачот Марк Ентони, кој до скоро време ѝ беше сопруг на Џенифер Лопез, одбил да снима за нивното заедничко шоу „Q’Viva: The Chosen“. Марк не отишол во Перу и Чиле, каде требало да се снима следната епизода. Се претпоставува дека причината за тоа е новиот дечко на Џенифер, младиот Каспер Смарт.

Наводно, Џенифер и Марк имале гаден телефонски разговор претходната недела, кој на крај се завршил на Смарт, со кој во тоа време Џенифер се наоѓала во Мароко. Од Мароко, со приватен авион, Џеј Ло одлетала за Перу и Чиле, а Марк му се јавил на продуцентот Симон Фулер и му кажал дека размислува да го напушти шоуто и соработката со Лопез.

Во талент шоуто учестувуваат Џенифер, Марк и Симон, со тоа што патуваат низ светот во потрага по нови и неоткриени таленти, најчесто во некоја латино вештина, било тоа да е играње, пеење или свирење.

Write A Comment