Марк Ентони е страшно љубоморен тип и постојано ѝ прави проблеми на својата поранешна сопруга Џенифер Лопез поради нејзиниот нов дечко.
Марк, всушност, му забранил на младиот дечко на Џенифер да ги вози неговите близнаци, Макс и Ема поради бројните сообраќајни казни што ги има добиено Каспер.
– Марк експлодира кога дозна за прекршоците на Каспер и наредил неговите деца никако да не се качуваат во кола кога тој вози. Марк мрази што неговите деца поминуваат сè повеќе време со Каспер, – изјавил близок извор на пејачката.
– Марк е многу љубоморен и смета дека Џенифер не донесува правилни одлуки кога се работи за Каспер, – додава изворот.
Неодамна, Марк одби да соработува со Лопез на нивното заедничко реално шоу.
– Јас едноставно не можам да работам со неа, – бил искрен во телефонскиот разговор, а продуцентите сеуште се трудат да ја смират тензијата помеѓу поранешните сопружници, како би си ги спасиле вложените пари во шоуто.
