← НАЗАД НА БОЗА

Масажа на лицето

Масажа на лицето
2764 Читања

Со масажата на лицето се подобрува циркулацијата на крвните садови, се подобрува општата состојба на кожата на лицето и го подобрува тонусот.

Пред  да започнете со масажа на лицето треба да имате во предвид , дека не смее да масирате делови од лицето каде има гнојни воспаленија, екзема, остра форма на розацеја или пак рани по кожата.

Масажата на лицето трае од 10 – 15 минути. Најдоброто време за овие вежби е навечер пред легнување. Додека масирате, не треба да го притискате премногу силно лицето, движењата треба да бидат лесни и бавни. Секое од движењата покажани на сликава се прават од 4 – 5 пати. Важен факт за масажата на лицето е тоа дека со подобрувањето на циркулацијата кожата ги прима двојно повеќе хранливите материи и се ослободува многу побрзо од токсините и отпадните материи.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk