Доматите многу често се употребуваат во козметиката поради многуте полезни својства за кожата. Лековитите супстанции што се содржат во доматите ја освежуваат, смируваат, избелуваат и регенеририаат кожата. Затоа денес ќе ви представам една многу полезна и многу лесна за приготвување домашна маска од домати. Излупете еден зрел домат и обработете го со блендер додека не стане течен како сок. Исипете ја содржината во плиток и широк сад во кој треба да потопите неколку гази. Газите се нанесуваат на целата повшина на лицето и се оставаат да стојат така 20 минути. Маската се прави неколку пати седмично во продолжение од еден месец. Кожата ќе ви стане еластична, а клетките брзо ќе се регенерираат.
