Убавина

Маска од домати за регенерација на клетките од кожата

Доматите многу често се употребуваат во козметиката поради многуте полезни својства за кожата. Лековитите супстанции што се содржат во доматите ја освежуваат, смируваат, избелуваат и регенеририаат кожата.  Затоа денес ќе ви представам една многу полезна и многу лесна за приготвување домашна маска од домати. Излупете еден зрел домат и обработете го со блендер додека не стане течен како сок. Исипете ја содржината во плиток и широк  сад во кој треба да потопите неколку гази. Газите се нанесуваат на целата повшина на лицето и се оставаат да стојат така 20 минути.  Маската се прави  неколку пати седмично во продолжение од еден месец. Кожата ќе ви стане еластична, а клетките брзо ќе се регенерираат.

Напиши коментар